Гостивар: Ученичка со тешки повреди на ‘рбетот, по пад од столче


Тринаесетгодишна ученичка од гостиварското основно училиште „Единство – Башкими“, по пад од столче со тешки повреди на ’рбетот е пренесена на скопските клиники.

Според СВР Тетово, до повредувањето дошло утрово во една од училниците, за време на големиот одмор. Девојчето се нишало на столчето и во еден момент ја изгубило рамнотежата и паднало на подот.

Набрзо по повредувањето било згрижено на ургентното одделение во гостиварската болница, каде ѝ биле констатирани повреди на пршлен од ’рбетниот столб. Заради тежината на повредата, таа е префрлена на Клиниката за трауматологија во Скопје.

Од СВР Тетово информираат дека работат на расветлување на околностите и начинот на кој девојчето било повредено.