Гвен Стефани со празничен албум “Правиш да е Божик“
САД- Пред две ипол години, по 13 години брак се разведуваше од Гевин Роздејл со кого има три деца. Сега, е среќна во врската со кантри-ѕвездата и жири на реалното шоу “Глас“ Блејк Шелтон кој за годинава “Пипл“ го избра за најсекси маж на планетата. За неа Божик е свет празник. По трет пат ќе го слави со дечкото на неговиот ранч во Оклахома, а сними и празничен албум “Правиш да е Божик“(You Make It Feel Like Christmas). Шелтон ќе се појави и во специјалната емисија на Гвен на 12 декември на ТВ НБС.
“Јас сум дете на 80-тите. Обожавав кога дома се собиравме околу елката и ги чекавме подароците, елегантно завиткани. Ми значеа и божикните песни, а сега сум среќна што можам да снимав албум во таков дух и да го споделам со фановите. Работите во животот ми се наредија како што сакав. Музиката како и семејството ми се најважни работи во животот, време е да се прослави. Среќна сум што крај мене имам партнер со кој можам да ги споделам сите радости и успеси, вели Стефани, која важи и за едно од најдобро облечените ѕвезди во шоу-бизнисот.