Вучиќ: Албанците се се понервозни, особено ако не влезат во Интерпол
Најголемиот и единствен проблем на Србија на патот кон Европска унија е Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното интервју за ТВ Пинк.
Запрашан да ја коментира изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека Косово не е единствениот проблем на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ, Вучиќ објасни дека Хан мислел на реформите и владеењето на правото.
Но, Вучиќ додаде дека лидерите на ЕУ не сакаат да кажат дека Косово е најголем проблем за Србија, бидејќи знаат дека со тоа добиваат негативни поени кога зборуваат само за Косово.
– Со внимание следиме се што се случува во ЕУ, ние сме на европски пат, бидејќи сакаме да имаме демократско општество и да бидеме уредена земја, но нашиот најголем проблем е Косово и Метохија, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија треба да биде демократско општество, додека за економијата потребни се мир и стабилност.
– Овие разговори се тешки, луѓето треба да сфатат дека Албанци се се понервозни, особено ако не влезат во Интерпол и ако влезат ќе слават и нема да сакаат да направат никакви компромиси. Од друга страна, пак, ја имате меѓународната заедница која вели немојте за граници, а ние сепак сакаме, посочи српскиот претседател.
Вучиќ наведе дека Србија „сака компромис“ со косовските Албанци, но дека „сега е јасно дека до тоа ќе биде речиси невозможно да се дојде, поради политичката атмосфера во централна Србија и во Косово“.
Тој додаде дека „странскиот фактор очигледно не сака“ Србија и Косово да постигнат договор и додаде дека ќе биде се „потешко“ да се зачува стабилноста во Косово.
– Тие велат дека ќе се отвори Пандорината кутија, доколку било што се промени. Па зошто вие ја отворивте во 2008 година, зошто ја отворивте во 2006 година?”, праша Вучиќ.