Во сообраќајка загина 22-годишно момче од Скопје
Дваесет и двегодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 14.15 часот во близина на Стајковци. Според полицијата, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (22) од Скопје, изгубило контрола и удрило во метална ограда и бетонски ѕид. Од здобиените повреди, возачот Б.А. починал на местото на настанот. Од ударот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобила Х.А. (49) од Скопје. По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, Х.А. била пуштена на домашно лекување, додека14-годишното девојче било однесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. За време на увидот од 14.50 до 18.00 часот сообраќајот бил пренасочуван.