Во Словенија закажани предвремени парламентарни избори за 3 јуни
Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска потпиша указ со која за 3 јуни распиша предвремени парламентрани избори.
Пахор нагласи дека бил ограничен да избере датум меѓу 27 мај и 10 јуни и дека го одбрал 3 јуни по формалните и неформалните консултации со политичките партии.
Словенечкиот претседател изрази надеж дека изборната кампања ќе се одвива во „толерантна атмосфера, без говор на омраза и со изнесување на аргументи“.
Пахор ги распиша изборите еден месец по оставката на словенечкиот премиер Миро Церар. Церар поднесе оставка откако Уставниот суд го поништи референдумот за изградба на железничкиот коридор Копер-Дивача.