Во пожари изгореа викендичка во Пехчевско и штала во Тетовско


Три пожари беснееја вчера во Пехчевско, Тетовско и Штипско, при што изгореле една викендичка, штала, а опожарени биле и сува трева, борова шума и насад со модри сливи.
Во неделата околу 14.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на место викано „Амушкови чешми“, атар на Пехчево, настанал пожар пред викендичката во која престојувала К.М. од Пехчево. Според пријавеното, таа запалила сува трева и смет, а поради временските услови пожарот се проширил и ја зафатил викендичката, а зафатил и поголема површина со борова шума. Притоа, К.М. се здобила со повреда на левата рака и и била укажана лекарска помош. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Берово, екипа од Шумско стопанство „Равна река“, екипа од Дирекцијата за заштита  и спасување и други лица кои се затекнале на местото. Извршен бил увид на местото.
Истиот ден во 17 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во село Град, делчевско, на место викано „Чука“. Од пожарот била зафатена нива од околу 10 декари со сува трева и еден декар насад со модри сливи. Од страна на месното население и Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил целосно изгаснат.
Околу 16 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-село Гермо настанал пожар, кој се проширил во дворното место на И.С.(37) и ја зафатил шталата и друг објект. Според пријавеното, пожарот го забележал И.З.(68) од Тетово, кој се обидел да го изгасне при што се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Извршен бил увид