Во Белград се продаваат повеќе станови одошто се градат, најмногу се купуваат во кеш
Во Белград годишно се продаваат три до четири пати повеќе станови отколку што се градат, а повеќе се купуваат во кеш отколку на кредит.
Директорот за маркетинг и продажба во консултантската куќа за недвижности ЦБС Интернационал, Мина Калезиќ вели дека во Белград годишно се градат од 3.000 до 5.000 станови, а се продаваат од 11.000 до 14.000 станови.
– Најголем интерес има за становите со добра локација, квалитет и цена. Се поголем број домашни и странски инвеститори посветуваат внимание на тоа при формирањето на проектот, рече Калезиќ.
Најквалитетните станови во централните градски општини се продаваат од 2.200 до 2.800 евра по метар квадратен со ДДВ, додека становите со среден квалитет се движат од 1.700 до 2.200 евра.
Во готовина плаќаат 65 отсто од купувачите, а 35 отсто на кредит.