Владата се задолжи се 23,9 милиони евра на домашен пазар

Владата се задолжи со 23,9 милиони евра на домашниот пазар преку аукција на државни хартии од вредност.

Како што објави Министерството за финансии издадени се државни хартии од вредност во износ од 1.475,18 милиони денари или 23,98 милиони евра.

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 474,99 милиони денари со камата од 1,20%, 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 440,19 милиони денари со камата од 3,70% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 560,00 милиони денари со камата од 3,20%.

Утре и година и следниот понеделник Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 1.475,01 милиони денари (23,98 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.