Вкупно седум лица повредени во напад со нож во Париз


Вкупно седум лица се повредени, од кои четворица потешко, во напад со нож што синоќа се случил во Париз.

Напаѓачот, кој е упасен, бил вооружен со нож и метална шипка.

– Засега нема основи нападот да се окарактеризира како терористички, изјавил полициски претставник.

Според истиот извор, напаѓачот веројатно е Авганистанец, кој нападнал непознати на улица кусо време пред 23 часот во северниот дел на Париз.

Полицијата соопшти дека двајца од повредените се англиски туристи.