Вистина


ЛЕЈЛА САБИТ

Некој сака да ја открие, а некој да ја сокрие.

Некој ја бара во виното, а некој во љубовта.

Некогаш е добро да се дознае, а некогаш е подобро да не се дознае.

За вистината некој се бори, некој не мрднува со прст, а некој гине.

За некого е се, а за некого ништо.

Може да ве повреди, навреди или да реагирате рамнодушно.

Патот до вистината знае да биде краток или долг, лесен или опасен, очекуван или неочекуван.

Ви создава пријатели или непријатели.

Може да ве опие, да ви го скрати или продолжи животот.

Во еден момент избирате дали ќе бидете пијани или стари, сакани или разочарани.

Мудрите ќе ви кажат дека вистината се открива тука и денес.

Не е битно дали утре ќе се разбудите мамурни или ќе сфатите дека не сте вљубени.

Животот е бесконечна здравица, а љубовен е секој ден.

Честит Св. Валентин или Св. Трифун!