Видео од престрелката во маркет во Чаир во која беше повредена продавачка
Телевизијата 21 објави видеоснимка од безбедносна камера од престрелката во маркет во Чаир, во која беше повредена една вработена. На снимката се гледа како напаѓачот најпрво ја бутка продавачката по што таа паѓа и на крајот пука во неа.
Некои медиуми, повикувајќи се на тврдења на вработени во маркетот, објавија дека повредената и осомничениот претходно биле во љубовна врска.
Од МВР соопштија дека машко лице вчера попладне пукало во вработената Г.А во маркетот „Кипер“ во Чаир.
Случајот во полиција во 14:38 часот го пријавиле вработени во маркетот кој се наоѓа на улица „Кемал Сејфула“.
Од МВР известуваат дека Г.А е пренесена на Ургентниот центар и е надвор од животна опасност.