(Видео) Ветрот во Италија убива
Оркански ветрови туркаа дрвја и ѕидови во Италија и предизвикаа најмалку три смртни случаи.
Ветрови со орканска јачина погодија и голем дел од хрватското крајбрежје, каде оштетени се возила, скршени се прозорци и нарушен е сообраќајот.
Хрватската метеоролошка служба јави дека налетите на ветар во Сплит достигнале до 191 км/ч.
Италијанската новинската агенција Анса јави дека ветрот урнал ѕид на имот кај Фросиноне во центарот на Италија каде загинале двајца на возраст од 70 години.
Државната телевизија RaiNews24 јави дека еден возач загинал кога врз неговото возило паднало дрво во Гвидонија, предградие на Рим.
Во близина на Неапол, дрво паднало и повредило жена и нејзината ќерка тинејџерка.
Турски товарен брод заринкал поради силните ветрови кај Бари, а поради разбранетото море не можел да биде извлечен.
Заради налет на ветрот траектниот сообраќај за Капри, Искија и Еолските острови, каде снег кој ретко паѓа го прекри вулканот Стромболи.
Во Хрватска, неколку помали пожари се поттикнати од ветрот на далматинскиот брег. Еден пожарникар е полесно повреден.
Хина јавува дека активни се уште неколку пожари на подрачје на Шибенско-книнската жупанија и на Сплитско-далматинската жупанија. Побарана е вонредна временска прогноза за да може да испланираат дали канадари ќе можат да им помогнат во гасењето.
Голем број траектни, броски и катамарански линии се во прекин, а покрај силниот ветар, мал авион кој имал проблем со недостаток на гориво успеал да слета на аеродромот во Сплит.
Некои улици во Сплит се затворени поради стакла и ќерамиди кои летаат.
Во Бугарија, во Банско, поради лоши временски услови откажан е супервелеслаломот на светскиот куп во скијање.
Beautiful
— ? (@Intergalactic_J) February 23, 2019