Формула 1: Ботас со пол-позиција за ГН на Русија

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас оствари најдобро време во квалификациите (1:31.387 часа) и ќе стартува од пол-позицијата во утрешната трка за ГН на Русија. Веднаш до него на патеката во Сочи ќе тргне неговиот клупски колега и главен конкурент за шампионската титула, Луис Хамилтон, кој заостана само 0.145 секунди.
Двојката на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен ќе почна од третото, односно, четрвтото место, а Германецот, кој сè уште е во борба за трофејот задоцни повеќе половина секунда зад „сребрените стрели“.
Меѓу првите десет се пласираа Магнусен, Окон, Леклер, Перез, Грожан и Ериксен.