„Бомби“ на судењето за „Траекторија“, се слушаат Јанакиески и Пешевски


Во Кривичен суд продолжи судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со слушање на „бомбите“ за кои одбраната бараше да биде исклучена јавноста.

Одбраната на Пешевски рече дека во разговорите (бомбите) во кои учествува тој, не постои никакво кривично дело кое му се става на товар. Тие сметаат дека СЈО треба да ги достави сите разговори, а не селективно како што направиле.

Бранителот на Миле Јанакиевски и Никола Груевски, Димитар Дангов рече дека има забелешка на неподобноста на доказите. Дангов побара пауза за да се консултира со техничиот советник.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според СЈО, тие во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на Буџетот на државата од најмалку 155 милиони евра.