Бахреин објави најголемо откритие на нафта и гас на своја територија


Бахреин соопшти дека открил најголемо нафтено и гасно поле во историјата на таа мала држава на Заливот.

Официјалната агенција БНА ги цитираше властите кои проценуваат дека количината е „многупати’“ поголема од познатите резерви на Бахреин.

Постоечкото нафтено поле во Бахреин е само едно, како единствен депозит со резерви од само неколку стотици милиони барел сирова нафта.

Бахреин е најмал произведувач на нафта и гас меѓу шесте земји членки на Советот за соработка во Заливот, кој ги опфаќа
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и Катар.

Малото кралство, чии 80 проценти од приходите се од нафта, испумпува дополнителни 150.000 барели на ден од нафтеното поле „Абу Сафа“ , кое го дели со својот голем сосед, Саудиска Арабија.