Анџелина Џоли за „Ел“: Моите ќерки ќе го сменат светот
САД- Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли е убедена дека нејзините три ќерки Шајло, Вивиен и Захара ќе можат да променат светот. Од мали нозе тие се научени дека мажите и жените заедно, без никакви предрасуди можат да направат добри работи за човештвото. Актерката и режисер позираше за новото мартовско издание на магазинот “Elle”.
Мајката на шест деца ја искористи можноста да не потсети колку родовата еднаквост е важна, а за тоа ги учи и своите три ќерки,Шајло, Вивиен и Захара.
Во црно-белата фотосесија актерката блеска, а на една од фотографиите ги има и нејзините ќерки.
Џоли во интервјуто вели дека е сигурна дека нејзините ќерки ќе го променат светот.
„Од мали нозе тие се научени дека мажите и жените заедно, без никакви предрасуди можат да направат добри работи за човештвото“, додава таа.
“Многу често им кажувам на моите ќерки дека она што ги издвојува од другите луѓе е тоа што тие се подготвени да направат сè за другите. Секој може да се нашминка и да се облече убаво. Срцето, душата и умот е она што се разликува кај секого. Ги учам да се запознаат себе си, да знаат кои се, да се борат и да имаат конкретен став”, вели Анџелина.