„Њујоркер“ отпушти новинар поради обвинение за сексуално вознемирување
Списанието „Њујоркер”, од каде почна објавата за сексуалните злоставувања извршени од холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, отпушти новинар обвинет за сексуално вознемирување. Новинарот ги негира обвинувањата.
Во соопштението на весникот се наведува дека 43-годишниот Рајан Лица е обвинет за несоодветно сексуално однесување, за што неодамна се дознало. Новинарот, во голема мера, беше одговорен за отстранувањето на директорот на одделот за односи со јавноста на Белата куќа Ентони Скарамучи, претходно оваа година.
Рајан Лица работел како дописник на списанието во Вашингтон од 2007 година. Тој е и аналитичар во телевизија Си-Ен-Ен и држи предавања на Универзитетот Џорџтаун. Во јули, Лица напиша статија посветена на коментарите дадени од Скарамучи, на адреса на неговите колеги од Белата куќа. Во материјалот се цитираат некои полни со вулгарни коментари и се смета дека овој напис е одлучувачки фактор во одлуката на претседателот Доналд Трамп да го отстрани Скарамучи по само 10 дена на функцијата.
По повод обвинувањата за сексуално вознемирување, Лица рече дека имал врска со неименувана жена, која сега го обвинила за несоодветно сексуално однесување.
– Одлуката за да ми дадат отказно решение од „Њујоркер” е донесена набрзина, без темелна истрага на фактите. Тоа е ужасна грешка, истакна Лица.
Во октомври, новинарот од „Њујоркер” Ронан Фароу напиша за првите откритија за сексуалните напади извршени од Вајнстин. Тие предизвикаа бран од слични обвиненија, во кои се покажа вмешаност на медиумски личности, ѕвезди од шоубизнисот, па и политичари.
Вчера, познатиотт кулинарски шеф Марио Батали објави дека се повлекува од гастрономската империја која го носи неговото име, откако специјализираниот сајт „Итер” објави раскази на четири жени, кои го обвинија за несоодветно сексуално однесување.