(Видео) Швеѓаните преку музички спот се исмеваат со Исламска држава


Музички видео-спот кој ги исмева џихадистите и Исламска држава предизвика остри реакции во јавноста во Шведска.
Националната телевизиска мрежа СВТ, која го објави спотот, е на удар на гневни коментари во кои се бара забрана на спотот.
Сатиричното видео прикажува шведски државјани кои одлучиле да се приклучат на ИД, а во него со хип-хоп музика се споредуваат реални слики на терористи со комични стихови кои зборуваат за причините зошто Швеѓаните се одлучиле да се придружат на ИД, како потрга по безжичен интернет, рекреациони центри и слично, пренесе „Спутник“.
Штом СВТ го постави видеото на социјалните мрежи, веднаш почнаа да стигнуваат многу коментари, а кога тие почнаа да добиваат заканувачки облици, видеото е отстрането.
Од медиумската куќа соопштија дека тие секогаш се подготвени да трпат критики, но дека, доколку во општеството не може да се обезбедат услови за конструктивен дијалог, подобро е да се затвори “бојното поле“.
Во текстот се наведува дека само на Фејсбук страницата на СВТ за многу кусо време стигнале повеќе од 900 остри коментари.