Хан: Македонија ја заслужи безусловната препорака


„Земјата и граѓаните ја заслужија безусловната препорака. Членките на ЕУ го признаа сработеното. Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата“, истакна пред малку еврокомесарот Јоханес Хан на предавањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев.

„Земјата помина долг пат и покрај многуте искушенија и сега е цврсто назад на европскиот пат. Има позитивна промена, обновено чувство на отвореност, енергија и надеж. Се чувствуваат добрите вибрации во земјата и тоа треба се надградува“, изјави Хан истакнувајќи дека Македонија е пример за демократска промена во регионот и оти е импресиониран од направеното во однос на итните реформски приоритети.

„Искрено ви честитам Вам, на Владата, Парламентот и на опозицијата за поддршката на оваа национална цел“, рече Хан на заедничката прес-конференција со Заев. Порача дека реформите не треба да застанат тука туку да продолжат, особено во судството.

Премиерот Заев рече дека добиената чиста препорака е силен мотив за достигнување на тешката, но достижна цел – почнување на преговорите за членство во ЕУ.

„Уште поенергично ќе работиме во јуни да добиеме датум за преговори. Продолжување со суштинските реформи, и по Планот 3-6-9 ќе утврдиме нов план на реформи“, истакна Заев.

Тој се заблагодари на земјите од ЕУ  кои ја поддржаа Македонија, како и на македонските граѓани, на НВО секторот и на сите други чинители за заедничките напори.

– ЕК го вреднува сработеното. Во изминатите два извештаја поради политичката криза и заробената држава, препораката беше сиспендирана и условена со демократски реформи и амиент. Годинава препораката е чиста и безусловна. Македонија го задовлува основниот демократски критериум за почеток на преговорите, рече Заев.

Нагласи дека интеграцијата во ЕУ ќе занчи подобра бизнис клима, повисоки плати, подобар живот.