(Фото) Само Тереза Меј може да ги обедини лидерите на албанските партии


Албанските партии во земјава познато дека поради големите разлики меѓу нивните ставови ретко седнуваат на иста маса. Сепак, тоа што може да изгледа невозможно на прв поглед, Британската премиерка Тереза Меј успеа лидерите на најголемите албански партии во земјава да ги собере на иста маса.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, лидерите на албанската опозиција тетовското Беса и Алијансата, Касами и Села се гледаат како се во друштво на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски, првиот парламентарец Талат Џафери и британскиот амбасадор Чарлс Гарет.