Фон дер Мил: Решение за името е во интерес на двете земји, на регионот и Европа


Франција денеска упати охрабрување до властите во Македонија и Грција за продолжување на напорите за постигнување решение за името што се водат под покровителство на ОН, со цел постигнување на долгоочекуваниот договор.

– Франција ги поддржува напорите на Скопје и на Атина, во координација со медијаторот на Обединетите нации, за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение поврзано со прашањето за името на Поранешната Југословенска Република Македонија. Во периодот кога разговорите се во многу напредна фаза, Франција ги охрабрува властите на двете држави да ја задржат својата решителност за склучување на долгоочекуваниот договор. Ова е во интерес на двете земји, на регионот и на Европа, се наведува во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Ањес фон дер Мил, соопштија од француската Амбасада.