Филип Фидановски нов претседател на ДЛУМ
Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија на денеска одржаното Собрание.
Фидановски е роден во Скопје 1977 година. Дипломира во 2002 година на одделот за ќерамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија. Учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија и Египет, а организира и голем број самостојни изложби. Добитник е на голем број награди.
На седницата покрај Фидановски, со тајно гласање е избран и потпретседател, Управен одбор и Уметнички совет.
За потпретседател е избрана Марјана Костојчиновска Узунчева. А дел од Управниот одбор се и членовите Златко Бојковски, Христијан Санев и Шкипе Мехмети.
За претседател на Уметничкиот совет избрана е Дијана Томиќ Радеска, а останати членови на составот се: Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.
-Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела на ДЛУМ, кое ќе ги застапува интересите на уметниците членови на овој ликовен еснаф, соопштуваат од ДЛУМ.