Трговскиот центар во Лисиче добива ново осветлување


Трговскиот центар во населбата Лисиче деновиве ќе добие целосно ново осветлување.

Старите и дотраени светилки ќе се заменат со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни.

Општина Аеродром за новото осветлување издвои околу 2 милиона и 200 илјади денари.