Селмани очекува Обвинителството да поднесе пријава против лицето кое му се закануваше
Претседсателот на Здружението на новинарите Насер Селмани очекува во скоро време Обвинтелството да излезе со пријава за лицето кое му упатуваше закани.
– Неколку пати бил во Обвинтелството. Се прават проверки кои треба да ги направи Обвинителството. Постојано сме во комуникација и со МВР ако треба некоја интервенција, како праќање допис до фејсбук да се направи проверка дали тоа е лицето кое го пријавивме дека се заканувало. Постапката трае и очекувам во блиска иднина да се затвори случајот и да се излезе со пријава до Судот, рече Селмани.
Според него, Обвинителството веќе има извршено разговор со пријавеното лице.