(Видео) Се повлекува епизода од „Симпсонови“ во која гласот го позајмува Мајкл Џексон
Откако го изгледале документарниот филм „Живеејќи во Неврленд“, продуцентите на анимираната серија „Симпсонови“, одлучија да повлечат една епизода, во која пејачот Мајкл Џексон позајмува глас на еден од ликовите.
Контроверзите што се појавија околу починатиот пејач Мајкл Џексон, по емитирањето на документарниот филм, ги натера и продуцентите на „Сипмсонови“ да ја повлечат епизодата во која Џексон има придонес.
Џејмс Л. Брукс, вели дека со креаторите на серијата Мет Грејнинг и Ал Џин ја донеле таа одлука откако го изгледале документарецот, кој премиерно беше прикажан во САД во неделата, а во него двајца мажи тврдат дека Џексон со години ги злоупотребувал, додека биле деца.
– Се чини дека тоа е единствен избор, вели Брукс за „Вол стрит џурнал“. – Луѓето со кои работам, со кои го поминав целиот живот препирајќи се околу шегите во серијата, беа одлучни во врска со тоа, додава Брукс.
Таа епизода беше недопрена и покрај тоа што со години се наведуваше дека Џексон, кој почина во 2009 година, сексуално злоупотребувал деца, но Брукс изјави дека документарецот е толку уверлив, што ги натерал да го сменат мислењето.
Џексон го позајми гласот на ликот по име Леон Комповски, во епизода од 1991 година. Тоа беше прва епизода од третата сезона во која Хомер Симпсон е во психијатриска болница и дели соба со Леон Комповски, кој тврди дека е Мајкл Џексон.