СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го прочита договорот за името
Владеачката СДСМ му порача на ВМРО-ДПМНЕ да го прочита договорот за името со Грција, одговарајќи на обвинувањата дека со него се брише македонскиот идентитет.
„Во Член 1 од договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е ‘македонско’, а официјален јазик е ‘македонски јазик’. Во договорот е појаснето значењето на терминот ‘македонски’ и се додава дека нема на кој било начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш.
Македонскиот јазик станува еден од јазиците на НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската унија.
Што е тоа што на ВМРО-ДПМНЕ му пречи со признавањето на македонскиот идентитет од целиот свет?“, прашуваат од „Биќахска“.