Романците ја одбележаа годишнината од бунтот против Чаушеску
Демонстрантите носеа романски занмиња и свеќи и скандираа „Не сакаме да не управуваат крадци“ и пароли против владејачката Социјалдемократска партија. Тие повикаа на „повеќе демократија“ и побараа од романската Влада да се откаже од плановите за амнестија на лица осудени за корупција.
За време на протестnата прошетка, насловена „22 декември – Нашата револуција“, деmонстрантите на кусо застанаа на Унверзитетскиот плоштад, каде со минута молчење им оддаоа почит на над 1.100-те загинати за време на бунтот во 1989 година.
Бунтот против режимот во Романија почна на 22 декември 1989 година и заврши со уривањето на власт на тогашниот лидер Чаушеску, кој по краток судиски процес беше ликвидиран три дена подоцна, заедно со неговата сопруга Елена.