Роберт Редфорд ќе добие „Цезар“ за животно дело


Франција- Легендарниот холивудски актер и режисер Роберт Редфорд (82) ќе добие почесен „Цезар“ , француски еквивалент на американскиот Оскар, на церемонијата што ќе се одржи на 22 февруари во Париз.

-Актерска икона, исклучителен режисер, пасиониран продуцент, основач и претседател на престижниот фестивал на независни филмови „Санденс“, Редфорд остави неизбришлива трага во филмскиот свет, изјави Ален Терзиан, претседател на Француската академија за уметност и кинематографија.

Редфорд претходно  го освои Оскарот за животно дело на Американската академија за наука и уметност, и Оскар и Златни глобуси како актер и режисер на легендарните филмови “Ordinary People,” кој му беше режисерско деби,  како и за  “Barefoot in the Park,” “Butch Cassidy and the Sundance Kid,” “The Candidate,” “The Way We Were,” and “Out of Africa.”

Редфорд ја почна кариерата на Бродвеј во 1959 година, и најави дека ќе се пензионира по филмот  “The Old Man and the Gun,” во режија на Дејвид Ловери.

Претходни добитници на почесниот „Цезар“ се и Пенелопе Круз, Џорџ Клуни, Мајкл Даглас, Мерил Стрип и Шон Пен.