Роберт де Ниро на Самитот во Дубаи: САД страда од привремено лудило
ОАЕ-Холивудската ѕвезда Роберт де Ниро на Светскиот владин самит во Дубаи го критикуваше ставот на администрацијата на Трамп за климатските промени, велејќи пред огромната публика на Блискиот Исток дека е дојден од една „назадна“ земја што страда од „привремено лудило“.
Тој рече дека во земјата што ја опишува, шефот на Агенцијата за заштита на животната средина минатата недела рекол дека глобалното затоплување можеби е добра работа за човештвото.
„Зборувам за мојата сопствена земја, Соединетите Американски Држави. Ние не сакаме да велиме дека сме ‘назадна’ земја, па ајде да речеме дека страдаме од случај на привремено лудило“, додаде тој.
Де Ниро доби аплауз и громогласна смеа кога рече дека САД „на крај ќе се излечат кога со гласање ќе го избркаме нашиот опасен лидер од функцијата“, објави АП.