Раниери: Рома е во мојата ДНК
Клаудио Раниери се врати на чело на Рома по осум години откако доби отказ од клубот. Тој го замени Еузебио ди Франческо и веќе го одржа првиот тренинг со тимот. По него, Раниери ги повика фановите за поддршка и изрази уверување дека „џалоросите“ брзо ќе ја стабилизираат својата игра.
„Многу ми значи што се вратив во Рома. Отсекогаш сум бил фан на тимот, играв тука и бев тренер. Синоќа не можев да заспијам од возбуда. Ова е добар знак. Јас сум навистина многу среќен. Рома е во мојата ДНК“, изјави Раниери за клупската телевизија на „волчицата“.
Според него, навивачите на тимот сакаат играчите да ја сфатат тежината на дресот кој го носат.
„Прво ќе мора да работиме на психолошки план, откако го загубивме дербито со Лацио и бевме елиминирани во Лигата на шампионите. Нормално е приврзаниците да не се задоволни од резултатите, но ако видат дека играчите даваат максимум, ќе ги поддржат. Има доволно натпревари во кои ќе треба да се избориме за учество во Лигата на шампионите и во следната сезона“, додаде искусниот стратег.