Правосудство.мк: Ќе следи изјава или оставка на претседателот на Советот на јавни обвинители?
Во јавноста се пласира информација дека една банка, наводно, се заканила со повлекување на реклама во еден медиум, доколку не се симнат објавите за актуелниот претседател на Советот на јавни обвинители, пишува порталот правосудство.мк.
„Случајот со изборот на Марија Ѓоргова за обвинителка во Основното јавно обвинтелство за гонење на организиран криминал и корупција и натаму ја бранува домашната јавност. Советот на јавни обвинители и натаму не соопштува ништо што се однесува на Ѓоргова и нејзиното отпуштање од Специјалното јавно обвинителство и зошто нејзниот тетин, Коле Штериев, ја поддржал нејзината кандидатура“, пренесе порталот.
Како што сега стојат работите претседателот на Советот на јавни обвинители не само што одбива да даде информации за обвинителката, чија мајка е сестра на сопругата на Штериев, но е и снаа за негов внук од прв братучед, туку се прават напори тој да се спаси од се поголемиот притисок под кој се наоѓа. Всушност, притисокот врз Штерјов се засили и по објавата дека обвинителката д-р Лидија Раичевиќ-Вучкова не е реизбрана за обвинителка во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција каде води интензивна истрага за можни криминали во „НЛБ Банка“, а каде како првоосомничени се води сопруг на членка на Советот на јавни обвинители.
Целиот текст прочитајте го на правосудство.мк.