Почина големиот хрватски актер Иво Грегуревиќ


Хрватска- Вчеравечерта ненадејно почина и еден од најголемите хрватски актери Иво Грегуревиќ на 67-годишна возраст во својот дом во Загреб. Познат беше по улогите во „Вело мисто“, „ Долга мрачна ноќ“, „Што е маж без мустаќи“…Тој беше роден во Долна Махала кај Орашје во 1952 година. Студирал на Академијата за драмски уметности во Загреб. На филмското платно дебитирал во 1977 година во филмот „Не нагињи се ван“.

Играл во над 90 филмови, 19 ТВ серии и 30 театарски претстави.