Поставени канти за рециклирање во Кисела Вода


Денеска Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена” на повеќе локации на својата територија постави нови канти за селектирање на отпад, на стакло и пластика.
Кантите се донација од „Пакомак” – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Мината година Општина Кисела Вода во соработка со  истото друштво во своите простории постави пластични канти за селекција на пластика, се со цел, селекцијата на отпадот да започне од работните простории на вработените.
Локалната самоуправа апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста Кисела Вода