Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина


Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина, јави „Алсат – М“.

Според телевизијата, во периодот 2008-2009 година, објектот бил реновиран со 500.000 евра од ЕУ, а потоа бил продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 32.500 евра. Како што дознава „Алсат-М“, по продажбата, објектот бил пренаменет во казино.

Како што јави МИА, Димитриев и поранешниот претседател на Советот на општина Демир Капија, како и уште две други лица, денеска биле повикани на разговор во Управата за финансиска полиција.