Полициските специјалци одбележуваат 38 години од формирањето на единицата
На денешен ден во 1981 година во МВР, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи на Социјалистичка Република Македонија, е формирана единицата, денес позната како „Тигар“.
Мотото на полициските специјалцим „патот до совршенството е бесконечен, затоа патувањето непрекинато трае“ го отсликува стремежот на припадниците со напорна работа да се надградуваат секој ден, се повеќе и со тоа да придонесат во градењето на подобар безбедносен систем за заштита на нашата татковина.