Повик кон природата: Амбер Валета со органски изглед во новата колекција на „Манго“
САД- Новата кампања на шпанскиот бренд „Манго“ за сезона пролет-лето 2018 се фокусира на интимноста, врската меѓу луѓето и повикот кон природата. Американскиот модел со светска кариера Амбер Валета рефлектира различни карактери во иста средина, истакнувајќи го чувството на припадност во група.
Портретите во оваа разнообразна кампања се фотографирани во „пустинска“ природа преку визијата на италијанскиот фотограф Марио Соренти, кој ја истражува комбинацијата на природата и постојаниот растечки тренд на модата и новите технологии.
Во женската колекција се потенцирани деликатни и лесни парчиња со транспарентни детали кои се комбинираат со парчиња во поширок крој. На материјалите преовладуваат набори, принтови, релјефни шари и текстури кои во комбинација со палетата на неутрални бои даваат природен и органски изглед.