Отворен Конкурс за Меѓународен салон за стрип


Стрип ценатрот на Македонија го распиша конкурсот за годинашниот 17 Меѓународен салон за стрип Велес за 2019 на кој право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста.

Tемата на стрипот е слободна. Секој автор може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.

Како што појаснуваат од СЦМ-Велес, должината на стрипот треба да биде од една до шест табли, и тоа на А4 формат, (мин.300 дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку пет сликички, а доколку е во боја препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.

Како што појаснува Томе Трајков од СВМ -Велес, стриповите нема да бидат вратени, а со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.

Рокот за испраќање е до 20-ти септември 2019 година на адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот) ул. Васил Ѓоргов, бр.78 1400 Велес, Република Северна Македонија или преку меил:[email protected]