Ревија на оскаровски филмови во „Синеплекс“


Во рамките на оваа ревија во Синеплекс од 26 февруари до 4 март ќе бидат прикажани филмовите номинирани за Оскар 2018. Станува збор за 7 филмови кои се во потесна трка за најпрестижната филмска награда во светот-„Оскарот“. Идеална прилика да уживате во удобни седишта и големо кино платно.

Ексклузивно за време на ревијата премиерно ќе бидат прикажани и трите фаворити на публиката – „Обликот на водата“ (The Shape of water) последното остварување на Гилјермо дел Торо кое доби најмногу номинации за претстојните оскари, дури 13 номинации, црната комична драма „Три билборди пред Ебинг Мисури“ (Three Billboards outside Ebbing, Missouri) кој е во трката за Оскар во 7 категории и филмот „Викај ме со твоето име“ (Call me by your name) за кој критичарите изјавија дека е најемотивниот филм за оваа година.

Филмовите кои повторно ќе бидат прикажани во рамки на ревијата се: „Истребувач 2049“ (Blade Runner 2049), „Сите пари на светот“ (All the money in the world) кој доживеа огромен успех во кината ширум светот, „Квадрат“ (The Square) и „Величествениот шоумен“ (The Greatest showman).