Од утре до 4 март во Скопје: Mанифестaција посветена на мартинките, културното наследство на УНЕСКО
Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2018“ на која ќе бидат изложени рачно изработени мартинки од Македонија, Бугарија и Романија ќе биде отворена утре во 10 часот на првиот кат во трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ и е дел од активностите врзани со интернационалната апликација во УНЕСКО по повод признавањето на овој традиционален украс како нематеријално светско културно наследство. Апликацијата заеднички ја поднесоа Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија.
Настанот ќе биде отворен до четврти март и ќе бидат прикажани мартинки од неколку држави, односно оригинални рачно изработени амајлии. Постановката ќе биде збогатена и со едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.
Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2018“ се прави со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и град Скопје, под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.