Не ја пријавила мајката за почината ѝ ја земала пензијата


Кичевчанка не ја пријавила мајката за почината,  па седум години на нејзино име, земала пензија, при што заработила повеќе од 1,5 милиони денари, соопшти полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ш.(60) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Во периодот од 06.09.2011 година до јуни 2018 година пријавената не ја пријавила смртта на нејзината мајка Ј.К. пред надлежните служби, при што во наведениот период од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на сметката на Ј.К. биле исплатени 1.655.700 денари.

Во наведениот период, пријавената, од банкомати во Кичево, Охрид и Струга, од дебитната картичка на Ј.К. подигнала 729.500 денари и нанела штета на Фондот за пензиско инвалидско осигурување на РСМ.