На 12 јуни почнува судењето за случајот со малата Тамара


Судењето на сите дванесетмина обвинети за несовесно работење, односно за неупатување на лекување на Тамара Димовска, е закажано за 12. следниот месец.
Скопскиот Кривичен суд го прифатил обвинителниот предлог и тој веќе им се дистрибуира на странките во постапката.
Листата на обвинети ја предводи Владимир Поповски(62), максилофацијален хирург, професор на Медицинску факултет во Скопје и на „Гоце Делчев“ во Штип, потретседател на Првостепена лекарска комисија за лекување во странство; Александар Чапаровски (58), неврохируг член на Првостепена лекарска комисија за лекување во странство; Лилјана Тозија (64), лекар нефролог и член на Првостепена лекарска комисија за лекување во странство; Наталија Долненец-Банева, лекар и член на Првостепената комисија; Никола Граматиковски (49), лекар специјалист по кардио васкуларна хирургија, член на Првостепената комисија. За Граматиковски, во Кривичниот суд се води постапка за кривично дело „телесна повреда“. Аспазија Софијанова (53), педијатар интензивист, член на Второстепена комисија за лекување во странство; Александар Стојановиќ (63), хематолог, член на Второстепена комисија; Шабан Мемети (43), детски хирург; Ристе Симеонов (45), детски хирург и член на Второстепена комисија; Маја Парнаџиева-Змејковска (41), поранешна директорка на Фондот за здравствено осигурување; Џемали Мехази (53), исто така директор на ФЗО и Елена Трковска (41), претседател на Управниот офбор на ФЗО и претставник од Министерството за финансии.

Според наводите на диспозитивот на обвинителниот предлог, сега обвинетите, во октомври 2014 година, и го повредиле правото на малата Тамара Димовска да се лекува во странство, а согласно членот 301 од Законот за здравствено осигурување. Имено, сѐ започнало кога мајката на малата Тамара, Жаклина Димовска поднела барање за лекување на нејзината ќеркичка, а кое што барање било во рацете на Владимир Поповски, тогашен претседател на Првостепената комисија за лекување во странство. Комисијата го одбила барањето и не дозволила лекување во странство, а на двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување не им преостанало ништо друго, освен да ја прифатат одлуката на Комисијата и да го стават свој потпис на решениетo.

Целиот текст на правосудство.мк.