Мицкоски: Да беше судството независно, ќе ве осудеа


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев рече дека судството е заробено повеќе од било кога. Според него, тоа е така бидејќи Заев пред неколку дена доби ослободителна пресуда за случајот Поткуп.

– Разговарам со граѓаните низ цела Македонија и она што тие граѓани ги прави несреќни е што гледаат дека, најмалку што може да забележат е сигурност во одлуките на судовите, односно судските одлуки. Повторно ќе кажам, ние имаме претседател на Владата, премиер на држава кој што ги претскажа пресудите на последните два случаи и токму тоа ги прави дополнително несигурни граѓаните во Република Македонија – рече Мицкоски.

Дуелот гледајте го ТУКА