Македонски камионџија повреден во сообраќајка во Бугарија


Дваесет и шестгодишниот Мите Бидев од Валандово е повреден во сообраќајка што се случила ноќеска во 1:30 по полноќ, на автопатот Е79 во близина на бугарскиот град Кресна, јави БГНЕС. Во сообраќајката е повреден и 46-годишен ерменски државјанин.

Двајцата се повредени во директен судар меѓу џип „ауди“, со ерменска регистрација и камион „мерцедес“, со македонски регистарски таблички. Тие со возило на брза помош биле пренесени во болницата во Сандански.

Бидев има повреди на колкот, а ерменскиот државјанин на главата и колкот.