Ловџија застрела повозрасен маж


Во четвртокот, маж на возраст од 66 години бил застрелан случајно од ловџија во кичевско.
Како што соопшти полицијата, во Полициската станица Кичево било пријавено дека во атар на село Осој, кичевско, на место викано „Алексова нива“, Д.С.(34) од Кичево, при лов, од ловечка пушка испукал куршум, при што го повредил А.С.(66) од Кичево.
 А.С. со Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Кичево, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот, а Д.С. бил приведен во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.