Кражба на дете на Детска клиника: За да не плати, мајка зела туѓо дете


Малолетна мајка за да не ги плати трошоците на Клиниката за детски болести, зела туѓо дете кое лежело на Клиниката и заедно со туѓото и своето дете избегала.

Мајката на укареденото дете, четириесет и едногодишна скопјанка го пријавила инцидентот во полиција вчера во 20.45 часот. Таму кажала дека вчера околу 13.30 часот забележала дека нејзиното дете исчезнало, додека не била присутна во Клиниката, во собата каде престојувала со детето.

Веднаш се упатила кај вработените во клиниката кои и кажале дека седумнаесетгодишна мајка која лежела на клиника со нејзиното дете и не била осигурана, избегала земјаќи го туѓото дете, за да не ги плати трошоците.

По кратко време домашните на малолетната мајка пријавиле дека жената дома донела туѓо дете.
Полицијата го расчистува случајот.