Камерон Дијаз бремена на 46 години
САД- Американските таблоиди пишуваат дека холивудската актерка Камерон Дијаз (46) и нејзиниот сопруг, рокерот Беџи Маден, набргу ќе станат родители.
Актерката е фотографирана во ЛА, а на фотографијата под широката облека се гледа нејзината полна фигура.
Се шпекулира дека таа и нејзиниот сопруг долго се обидувале да имаат бебе, како и тоа дека раѓањето на бебето ќе помогне во бракот, кој до неодамна беше разнишан.
Камерон и рокерот Маден сè уште не се огласиле по ваквите шпекулации.