Каков став ќе има Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ за името?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде после лидерската средба закажана за утре во Скопје.

– Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, за сериозни теми сакам да располагам со сериозни информации. Не би сакал да претпоставувам, ниту да одговарам на хипотетички прашања. Гледаме оптимизам, песимизам, и од грчка и од македонска страна прилична какафонија, така да ја почекаме лидерската средба и ќе добиете одговори. Лично мене ми се допаѓа Република Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија, во врска со дијалогот од процесот „Жан Моне“ рече дека токму на нивна иницијатива и активностите на партиското раководство во Брисел, наместо во Париз се одржува во Охрид.

– Тука сум поканет на завршната вечера, очекувам од моите соговорници да разберам што е постигнато за време на работниот дел од процесот, рече Мицкоски.