Казна од три години затвор за Мијалков, 4,5 за Бедредин Ибраими


За случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности судот ги прогласи за виновни сите обвинети.
Мендух Тачи за злоупотреба на службена положба е виновен, а судот му одреди казна затвор од 3 години и два месеци.
Бедредин Ибраими доби 4 години и 6 месеци затвор. Влатко Сајковски е виновен, па доби казна затвор од три години. Иста казна добија и Сашо Срцев и Анета Стефановска кои се виновни за злоупотреба на службена должност и овластување.
Сашо Мијалков е виновен за „примање награда“, па доби казна од три години затвор.
Судот е на мислење дека никој нема право да биде над правната држава за лични и тесни интереси. Со пречекорувањето на службената положба нанесена е директна штета на изборниот систем, злоупотребувајќи ја демократијата во интерес на партиски интереси, рече судијата пред изрекувањето на казните за случајот „Титаник 2“.