Исчезнатата Даниела Пецевска пронајдена мртва


Исчезната Даниела Пецевска (39), по која се трагаше со денови, вчера околу 13 часот е пронајдена мртва во водите на Вардар во Горно Лисиче, потврди полицијата. Врз нејзиното тело немало траги на насилство, но се испитуваат причините за смртта, велат од Министерството за внатрешни работи.

Пецевска исчезна во понеделникот. Нејзиниот сопруг и блиските бараа помош и преку социјалните мрежи. Се шпекулираше дека била видена во Битола. Била вработена како медицинска сестра во Клиниката за гинекологија, мајка на три деца.