Изгоре куќа во Гостивар


Нема повредени во пожарот што синоќа околу полноќ избувнал во куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар. Во пожарот изгореле покривите на два објекта и внатрешноста на катот од едниот. Брзата интервенција на пожарникарите, спречила трагедија и потешки последици, со оглед дека во едниот објект спиеле домаќините, а опожарените објекти се наоѓаат во густо населено населба.

Огнот, најверојатно се појавил на покривот во куќата сопственост на  А.Д. (68) и брзо околу полноќ и се проширил на околните објекти.

Во тек е увид, по што ќе бидат познат причините за пожарот и штетата што настанала.